Версаче се откажа од ревиите за колекциите висока мода. Италијанската модна куќа ја презентираше новата колекција пред внимателно избрана публика, а креациите беа обелоденети пред јавноста со промотивни фотографии.
„Преминуваме на стратегија фокусирана на клиентите со овој дел од нашиот бизнис. Почнувајќи од 2017 година, ќе ја однесеме колекцијата Atelier Versace на клучните пазари во светот. Ќе организираме приватни презентации на колекцијата за клиенти, комбинирани со елегантни коктели и вечери“ – пишува во соопштението на брендот.
Донатела Версаче очигледно се наврати во времето на старите Римјани за да се инспирира за дизајнирањето на рачно изработените фустани од колекцијата пролет 2017.