Шона Картер-Брукс заслужено доби многу негативни коментари. Фотографиите на кои се гледа дека таа го врзала своето новороденче на невестинскиот фустан и го влечела зад себе на денот на венчавката разгневија многумина.
Бизарната постапка на Шона од Тенеси, САД, наиде на многу критики, но според нејзините коментари на Facebook, таа воопшто не се кае. Возвраќајќи на критиките, таа одговори дека едномесечното бебенце било разбудено и многу добро прицврстено за фустанот.
„Правиме што сакаме, кога сакаме и со Исус на наша страна, сѐ испадна добро и ќе продолжи да биде добро“ – напиша таа.