Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Компанија нуди свилени градници и гаќи со чипка за мажи

ФОТО: Компанија нуди свилени градници и гаќи со чипка за мажи

Обидувајќи се да ја следи зголемената побарувачка на секси долна облека за мажи, австралиската компанија „HommeMystere“ создаде елегантна линија која ги исклучува класичните памучни машки гаќи и боксерки. Новата колекција содржи свилени градници, гаќи со чипка, секси танга гаќички, како и подвезици.

HommeMystere HommeMystere HommeMystere

Ви звучи смешно? Верувале или не, „HommeMystere“ била мала компанија, сè додека не започнала да им нуди на клиентите нешто што никој дотогаш не го правел – избор. Осознавајќи дека меѓу машката популација има многу лица кои пазаруваат од женски продавници за долна облека, тие започнале да создаваат секси долна облека за машки пропорции. Тоа било полн погодок и „HommeMystere“ набрзо се претворила во глобална онлајн продавница која има клиенти во повеќе од 30 земји.

90% од клиентите на „HommeMystere“ се хетеросексуалци според истражувањето спроведено од сајтот „Fusion“. Најголем дел од нив се над 40 години и се во брак.

HommeMystere HommeMystere HommeMystere

Од компанијата велат дека нивните производи не се наменети за мажи со определена сексуална ориентација, туку дека се алтернативен избор за секој маж. „Нашата цел отсекогаш била да понудиме алтернативен стил на долна облека за мажи, базирана на нивниот физички изглед, а не на нивната сексуалност“ – пишува на веб-страницата на компанијата. „Нас не нè интересира дали сте хомосексуалец, хетеросексуалец, вегетаријанец, републиканец, англиканец, марсовец или со какво било друго убедување. Ние само дизајнираме и произведуваме атрактивна луксузна облека за мажи“.

HommeMystere HommeMystere HommeMystere HommeMystere HommeMystere HommeMystere

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.