Четиринаесетгодишна ученичка од Загреб спиела со 100 мажи во период од еден месец, поради облог на училиште.
Шокантната вест ја потврдила Гордана Буљан Фландер, психолог и директорка на Клиниката за заштита на децата во Загреб.
Ученици од осмо одделение од основно училиште во Загреб организирале бизарен натпревар за постигнување на што поголем број на сексуални партнери. За жал, ваквото „натпреварување“ било откриено дури откако штетата била направена.
„Победило девојче кое во период од еден месец имало 100 сексуални партнери“ – рекла Гордана и објаснила дека девојчето било испратено на третман за да ги научи вистинските вредности и да научи дека е погрешно да се докажува пред своите пријатели преку бројот на сексуални партнери.
Психолозите предупредуваат дека денес младите прерано започнуваат да излегуваат до доцна, прерано растат и за да докажат дека не се мали, прерано започнуваат со сексуални односи без да размислуваат за последиците.