Почетна » Новости » Чуден свет » Најлошиот дечко на светот?

Најлошиот дечко на светот?

Британка три години била малтретирана онлајн за на крајот да дознае дека зад грозните постапки стои нејзиниот дечко. 22-годишната Рут Џефри паднала во депресија и во одредени моменти помислувала на самоубиство поради тоа што нејзиниот дечко од нејзино име пишувал на сајтови за возрасни, објавувал голи фотографии од неа онлајн и им ги испраќал на нејзините пријатели и семејството.

Бесрамниот Шејн Вебер им пишувал на различни мажи на интернет претставувајќи се како Рут. Тој им пишувал сексуални пораки, а потоа им ја давал e-mail адресата на Рут за да ѝ испраќаат сексуални фотографии и видеа. Неколку пати тој на различни мажи им ја давал и адресата од студентското живеалиште на Рут за мажите да ја посетуваат лично.

Шејн и РутШејн и Рут

„Сè започна кога луѓе со имиња што ги препознавам започнаа да ми испраќаат пријателски пораки. Но, потоа започнаа да стануваат груби и велеа дека им се допаѓам и дека сакаат да се сретнеме за секс. Бев преплашена и му кажав на Шејн, а тој ми рече дека ќе помине.“

„Наредната фаза беше уште полоша. Чудни мажи на интернет започнаа да ми испраќаат срамни сексуални снимки направени со веб камери и фотографии. Стана очигледно дека некој што се претставува со мое име има испратено голи фотографии од мене на сајтови за возрасни. Пораките постојано пристигнуваа. Беа крајно гадни и сфатив дека некој ме демне.“

„50 интимни слики од мене се појавија на сајтови, некои од нив дигитално обработени“ – изјавила Рут за британскиот The Sun.

Шејн и Рут

„Бевме во нормална врска и Шејн имаше некои приватни слики од мене. Ме нервираше кога ненадејно ќе влезеше во бањата додека се туширав и ќе започнеше да ме слика, но потоа велеше дека е само шега.“

„Кога фотографиите се појавија на сајтовите, се соочив со Шејн. Но, тој ме излажа и ми рече дека сликите биле украдени од негов пријател кој имаше пристап до компјутерот и неговиот телефон. Шејн дури и го пријави својот пријател во полиција и тој беше викнат на испрашување“ – раскажала Рут.

Шејн не испраќал интимни фотографии од Рут само до непознати луѓе, туку и до нејзиното семејство. Еднаш испратил две топлес фотографии до сите луѓе во контакт листата на Рут, вклучително и нејзините родители.

Рут била толку очајна што примала антидепресиви и ѝ велела на својата мајка дека ѝ е сеедно дали ќе живее или не. Иако гледал во каква состојба е Рут, Шејн не престанувал со грозната „кампања“.

Рут со својата мајкаРут со својата мајка

Шејн бил разоткриен од таткото на Рут кој успеал да ги проследи електронските пораки, а подоцна бил уапсен од полицијата. Сè уште нема добиено пресуда, но семејството на Рут се плаши дека казната нема ни приближно да биде соодветна.

„Бев заљубена во човек кој се однесуваше како ѓавол.... Го мразам, сакам да оди в затвор и да биде казнет за тоа што го направи“ – признала Рут.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.