Монструозната постапка на мајка од Белград ја разгневи балканската јавност.
33-годишната М.Г. се породила сама во својот стан, а потоа го ставила новороденчето во кеса и го фрлила во контејнерот пред зградата во која живеела.
За среќа, жител на истата зграда чул необичен звук додека минувал покрај контејнерот и го спасил бебенцето од сигурна смрт. Пензионерот Слободан Цветковиќ за Blic.rs раскажал: „Во првиот миг, си помислив дека некоја мачка има паднато во контејнерот. Започнав да го поместувам ѓубрето за да ја пронајдам и да ја ослободам, а тогаш видов затворена кеса од која се слушаше тој звук. Ја отворив и го здогледав бебето, тукушто родено, беше уште крваво.“

Полицијата и брзата помош пристигнале многу брзо и бебенцето било сместено во детска клиника.
Српските медиуми извествуваат дека мајката била уапсена истиот ден и признала сè. За кривичното дело убиство на дете, во Србија казната е од 10 до 40 години, но бидејќи станува збор за обид за убиство, веројатно мајката нема да добие највисока казна.