Снимка од Кина на која жена удира со клоца мало девојче забрзано се шири на интернет и поттикнува остри реaкции. Станува збор за 3-годишно девојче кое беше удрено од својата мајка, зашто наводно не позирало правилно додека работело како модел.
Видео
Според кинеските медиуми, девојчето било уморно од напорните фотосесии, но нејзината мајка го форсирала бескомпромисно.
Видеото разбирливо наиде на многу негативни коментари, по што мајката упати извинување. „Немав намера да ја повредам или злоупотребам. Мојата ќерка добива најдобра нега и љубов. Ви благодарам за разбирањето“ – напиша таа на социјалната мрежа Weibo.
За кинеските медиуми, мајката изјавила дека девојчето чекорело напред наместо да позира, а веќе станувало мрачно и била под стрес кога го удрила. „Ниту еден родител не може да каже дека никогаш не ставил прст на своето дете. Јас ретко го удирам моето“ – рекла таа.
Малата Ниу Ниу веќе шест месеци работела како модел. Во Кина бројни компании бараат слатки дечиња за да ги рекламираат алиштата. Искусен детски модел заработува по околу 10-20 долари за секој аутфит.
Многумина го изразија својот револт што децата се користат како алатки за заработка.