Маж од Зимбабве се онесвестил во моментот кога ја отворил вратата од хотелската соба што ја изнајмил и открил дека проститутката која ја очекувал е всушност неговата сопствена
Според Sunday Mail, ќерката веднаш штом го здогледала својот татко започнала да бега низ ходникот. Мажот бил толку шокиран, а воедно и засрамен од инцидентот, што ги молел локалните медиуми да не ја објавуваат приказната.
„Жал ми е за тоа што го сторив. Разговарав со мојата жена и ќерка. Се извинив за моите постапки, затоа што само си го сакам своето семејство назад“ – изјавил Титус Нкубе.
Титус, кој е татко на три деца, признал и дека ѝ простил на својата ќерка и ја испратил на советување кај психолог.
„Не ја обвинувам мојата ќерка за тоа што се случи и она што го работеше. Сметам дека тоа е нејзин начин да си ги изрази чувствата за проблемите во моето семејство. Таа престана да се занимава со тоа и наредната година ќе се врати на училиште. Моите брачни проблеми не се готови, но имам брачен советник кој ни помага да го поминеме овој тежок период во нашиот брак“ – изјавил Титус.
Неговата сопруга, Розмари, изјавила дека ако не биле децата таа одамна ќе побарала развод, но дека останува во брак само поради нив.
„Ако не беа моите деца, ќе се разведев од него уште многу одамна. Но, затоа што знам дека разводот ќе биде траума за децата, одлучив да останам“ – рекла таа.