Онлајн туторијал, кој ги подучува муслиманите како да ги тепаат своите жени според исламот, ја разбуди лутината на многумина.
Во видеото, Абад Ал-Азиз Ал-Казраж Ал-Ансари, кој наводно е социолог од Катар, советува тепањето да е нежно, никогаш по лицето и главата и да не остава модринки, а потоа покажува како би требало да изгледа тоа удирајќи мало момче по рацете.
Неговиот говор пред камерата заслужува најостри критики:
„Драги гледачи, многу луѓе, особено оние кои се во брак, би сакале да знаат како се тепа една жена. Дали тепањето на жената е неопходно? Мора ли мажот да ја тепа својата жена секој ден? Не.“
„Прво, мора да разберете дека мажот е лидер во куќата. Лидерот има авторитети, како и менаџер на компанија. Лидерот на куќата може да одлучи да ја дисциплинира жената за животот да продолжи.“
„Тој ѝ дава воспитно тепање од љубов. Тој ја сака. Тепањето треба да биде лесно и да направи жената да ја почувствува нејзината женственост и мажественоста на нејзиниот сопруг.“
„Сега, да видиме како исламот ве учи како да ја тепате сопругата. Прво тој мора да ја искара, со други зборови да ја посоветува. Потоа треба да престане да дели кревет со неа. Ако сето ова не помогне, започнуваме со тепање како крајна мерка.“
„Што е тепање во исламот? Сопругот мора да направи неговата жена да ја почувствува неговата сила.“ - вели тој, а потоа продолжува да објаснува како треба да тече воспитното карање: „Зошто не ме слушаш? Колку пати треба да ти кажувам? Колку пати морам да ти кажувам за ме послушаш? Нели ти реков да не излегуваш од дома без моја дозвола?!'“
Со удари по рацете на мало момче и со тресење на неговото тело, Катарецот покажува како треба да изгледа тепањето.
А потоа продолжува со „советите“: „Но, некои луѓе ја удираат во стомакот или ја плескаат на лицето. Тоа не е дозволено. Гледајте колку милостив е исламот. Пророкот забранува удари на лицето. Тој им забрани на мажите да ги тепаат жените на лицето. Шамар на лицето, удар по главата, бокс по носот – сето ова е забрането.“
„Браќа, зошто мажите ги тепаат сопругите? Затоа што некои сопруги сакаат доминантни и авторитетни сопрузи. По природа, тие сакаат насилни и моќни сопрузи. Кај некои жени, карањето и одбивањето да делите кревет со нив не помага. Единственото нешто што помага кај вакви жени е тепањето. Таа треба да почувствува дека си вистински маж. Таква е по природа.“