Почетна » Новости » Чуден свет » Зависничка од тен обвинета дека ја однела 5-годишната ќерка на солариум

Зависничка од тен обвинета дека ја однела 5-годишната ќерка на солариум

Американка опседната со потемнување на кожата заработи кривична пријава поради тоа што ја однела својата 5-годишна ќерка на солариум. Полицијата се сомнева дека мајката Партиша Крензел ја однела својата ќерка Ана на солариум и дека како резултат на тоа малото девојче добило изгореници по кожата.

Патриша и Ана

Скандалот избувнал кога воспитувачка во градинката на Ана ги повикала одговорните служби откако забележала изгореници по телото на девојчето. Учителката во градинката го слушнала малото девојче како му раскажува на свој пријател дека заедно со мајка си посетува салон со солариум.

Патриша, која цел живот го одржува својот екстремно темен тен со солариум, ги отфрла обвинувањата и тврди дека нејзината ќерка ги добила изгорениците додека си играла надвор на сонце.

„Погледнете ја фотографијата од ќерка ми, таа е бледа како дух, има црвена коса. Јас сум одлична мајка, јас сум прекрасна мајка. Би умрела за неа“ – изјавила Патриша и дополнила дека никогаш не би ја оставила Ана да користи солариум.

Патриша и Ана

44-годишната Американка се појавила и пред суд, каде што изјавила дека ја носи со себе малата Ана кога оди на солариум, но дека девојчето само седи во просторијата и дека никогаш не било изложувано на УВ-зраците од солариумот.

Во Њу Џерси е забранета употребата на солариум од деца на возраст до 14 години, а тинејџерите на возраст од 14 до 17 години треба да добијат дозвола од родител за да можат да ги користат солариумите во козметичките салони.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.