Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: 24-годишна поминала 66 дена од животот во солариум

ФОТО: 24-годишна поминала 66 дена од животот во солариум

Триш Пејтас самата се нарекува зависничка од тен. Младата Американка уште од 14-годишна возраст користи солариум за да добие темен тен и досега во солариум има поминато 66 дена од својот живот.

Триш

Желбата за темен тен кај Триш се родила затоа што таа била вербално малтретирана од своите соученици поради светлата кожа. За првпат влегла во солариум кога имала само 14 години, бидејќи нејзината мајка ѝ подарила ваучер за посета на солариум. Мајка ѝ Лена сметала дека солариумот ќе ја зголеми самодовербата на нејзината ќерка.

Триш

Малку по малку Триш станувала зависна од бронзениот тен, па до денес таа има потрошено околу 50.000 долари за да има темна кожа.

„Дефинитивно вредеше што ги потрошив сите тие пари. Сега сум модел, па морам секогаш да изгледам добро. Некои луѓе трошат многу повеќе на цигари. Мајка ми постапи правилно. Таа сакаше да бидам среќна“ – изјавила Триш.

Триш Триш

Докторите повеќепати ја предупредувале за ризикот од користењето солариум, но таа одбива да ги послуша и дури тврди: „Преферирам да бидам мртва и темна, отколку бледа и жива“.

Триш застанала и во одбрана на Партиша Крензел, мајката која неодамна беше уапсена бидејќи полицијата се сомневаше дека ја носи својата 5-годишна ќерка на солариум, и потенцира дека ѝ се допаѓа нејзиниот претерано темен тен. „Не знам зошто се крена толкава врева, таа има прекрасна боја. Нејзиниот тен би изгледал многу добро на мене“ – додала Триш.

Триш со Хју хефнер и Квентин ТарантиноТриш со Хју хефнер и Квентин Тарантино

И кога не е во солариум, Триш работи на својот тен. Таа има машина за вештачко потемнување со спреј, а редовно се сонча без крем за заштита. „Никогаш не користам крем за сончање, само масло за потемнување, но немам бенки“ – изјавила таа.

Триш пред две години беше една од учесничките во емисијата „My Strange Addiction“ (Мојата чудна зависност).

ТришСтатија за зависноста на Триш во списанието „Closer“

Освен што е модел, Триш се обиде да се пробие и во музичката индустрија. Минатата година Yahoo го прогласи нејзиниот прв музички спот за втор најлош спот за 2011 година. Погледнете го:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.