Раскинувањето никогаш не е лесно, особено не кога причината за разделбата е трето лице. Забарката Ана Маковјак била толку повредена што бившиот ја оставил за друга, што во првата укажана прилика му се одмаздила, и тоа на многу болен и бизарен начин – му ги извадила сите 32 заба.
Марек Олзевски се појавил во ординацијата на 34-годишната забарка само неколку дена по раскинувањето, бидејќи имал забоболка. Не можејќи да се воздржи, Ана му ставила поголема доза анестетик и му ги извадила сите заби.
„Се обидов да бидам професионална и да се дистанцирам од моите емоции. Но, кога го видов како лежи само си помислив: Какво копиле“ – изјавила Ана, која работи во Вроцлав, Полска.
Откако му ги извадила забите, таа му ја замотала главата и вилицата со завој за да го спречи да ја отвора устата и му рекла дека имало компликации и дека треба да посети специјалист.
Можете да си замислите колку бил шокиран Марек кога дознал што всушност му се случило. „Таа ми рече дека устата ми е здрвена и дека нема да можам да чувствувам ништо одредено време, а дека завојот е таму за да ги заштити непцата, но дека треба да посетам специјалист. Немав причина да се сомневам во неа, сметав дека е професионалка“ – изјавил тој за Daily Mail.
„Но, кога се вратив дома и се погледнав в огледало, не можев да поверувам. Таа кучка ми ја испразнила устата. Новата девојка сега ме остави, велејќи дека не може да биде со маж без заби“ – раскажал тој.
Ана во моментов е под истрага и може да добие до 3 години затворска казна.