Бесен татко, кој не го одобрувал повозрасниот љубовник на својата ќерка, отишол во неговиот дом и го кастрирал со нож за леб.
47-годишниот Хелмут Зајферт, Германец по потекло од Русија, побеснал кога слушнал дека неговата 17-годишна ќерка имала врска со 57-годишниот Филип Геншер. Сакајќи да преземе нешто, тој бил в полиција, но таму му објасниле дека немаат право да се мешаат.
„Тогаш тој повикал двајца колеги од работа и отишол во домот на жртвата“ – изјавиле од полицијата.
Таму, Хелмут го присилил 57-годишниот Филип да си ги соблече панталоните и го кастрирал со кујнски нож. Напаѓачот заминал земајќи ги со себе отстранетите тестиси.
И покрај силното крварење, Филип успеал некако да се јави в полиција. Докторите го спасиле од сигурна смрт, но тој ќе остане евнух до крајот на животот.
Зајферт признал дека е виновен и наредната година ќе му биде судено за обид за убиство. Тој сè уште не издал кои се двајцата негови соучесници.
За полицијата тој изјавил: „Примив анонимен телефонски повик дека мојата ќерка била во врска со човек кој е 40 години постар од неа. Вие рековте дека не можете да го запрете, па јас го направив тоа. Го сметав тоа за моја обврска како татко.“