Почетна » Новости » Чуден свет » Жена се откопа со свршеничкиот прстен откако свршеникот ја закопал жива

Жена се откопа со свршеничкиот прстен откако свршеникот ја закопал жива

Мичелина Левандовска го шокираше светот со својата хорор приказна откако раскажа дека нејзиниот свршеник ја закопал жива, но дека успеала да се спаси благодарение на свршеничкиот прстен што тој ѝ го имал дадено.

Мичелина ЛевандовскаМичелина Левандовска

Во судницата 27-годишната мајка открила детали од нејзиното страшно доживување. Таа изјавила дека нејзиниот свршеник, со кого има тригодишен син, ја закопал врзана во картонска кутија.

Марцин Каспрзак ја онеспособил со тејзер (пиштол за електрошокови). Таа признала дека по нападот со недели не можела нормално да дише. „Првите две недели по нападот не можев нормално да дишам. Не можев нормално да се движам. Не можев да спијам“ – рекла таа во судот во Лидс во Велика Британија.

Марцин КаспрзакМарцин Каспрзак

Марцин со помош на негов пријател ја ставил Мичелина во картонска кутија. Заедно ја однесле во шума каде што ја закопале плитко, но врз неа ставиле дрво тешко 40 килограми.

Картонска кутијаКутијата во која била закопана Мичелина Местотот каде била закопана МичелинаМестото каде што била закопана

Преплашената Мичелина лежела во кутијата мирно додека не се осигурала дека нејзиниот свршеник си заминал. Половина час таа се мачела да дише во тесната кутија. Прво успеала да го отстрани селотејпот со кој ѝ била прекриена устата, а со свршеничкиот прстен успеала да ја исече лентата со која ѝ биле врзани нозете.

Свршенички прстенСвршеничкиот прстен со чија помош се одврзала

Со последните сили се пробила низ земјата и стигнала до блискиот пат каде сопрела случаен возач.

Судењето на свршеникот на Мичелина сè уште трае. Во своја одбрана тој кажал дека не планирал да ја убие, туку само да ја заплаши.

Но, адвокатот на Мичелина тврди дека Марцин сакал само да се ослободи од неа затоа што му било досадно. Наводно Марцин сакал да го земе нивниот син и да се врати во родната Полска.

„Во кратки црти, се работи за млад маж на кого му станало здодевно со својата партнерка, мајката на неговиот син, и решил да се ослободи од неа“ – пишува BBC, цитирајќи го обвинителот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.