Крштавањето на децата обично е со полевање на мала количина вода врз нивните главчиња. Но, очигледно во некои цркви се користат поагресивни методи.
Видео, во кое поп насилно трипати потопува мало бебенце во вода, наиде на остри критики онлајн. Многумина се категорични дека никогаш не би му дозволиле на свештено лице да го повтори истото со нивно дете.
Според информациите до кои дојдоа странските медиуми, станува збор за крштевање во црква на Крит и наводно тоа е „решение за намалениот наталитет“.