Почетна » Новости » Чуден свет » „Бремениот маж“ по три деца нема да раѓа повторно

„Бремениот маж“ по три деца нема да раѓа повторно

Три деца се доволни за Томас Бити, човекот кој е познат како „првиот бремен маж“. Во ексклузивно интервју за емисијата „The Doctors“, Томас изјавил дека по раѓањето на третото дете не планира проширување на семејството и дека ќе се подложи на операција на отстранување на матката (хистеректомија).

Томас Бити со сопругатаТомас Бити со сопругата и едното дете

Томас бил роден како жена, Трејси Лагондино, на Хаваи во 1974 година, но отсекогаш се чувствувал како маж. Кога бил во 20-тите години од животот започнал да прима инјекции со тестостерон за да му израснат влакна на лицето и да му се промени гласот. Бити законски станал маж во 2002 година, но си направил само половична промена на полот, т.е. си ги зачувал репродуктивните органи за да може да има деца со својата неплодна сопруга.

Томас со своето семејствоТомас со своето семејство

Веста за неговата прва бременост светкавично се разнесе низ цел свет, а Томас беше нарекуван првиот бремен маж. Сега Томас и неговата сопруга Ненси имаат три деца – Сузан, Остин и Џенсен.

Томас и НенсиЛево: Томас и Ненси. Десно: Томас и Џенсен.

Сите три деца биле доени од Ненси, затоа што Томас си ги отстранил женските гради за време на процедурите за промена на полот.

Томас во бременоста

Нетрадиционалното семејство денес ќе гостува во популарната емисија за да дискутира за тешкотиите и предрасудите со кои се соочувале.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.