Бразилката Ана Катарина Безера извојува победа во чудна судска битка против своите работодавци. По судски пат таа побарала да ѝ биде дозволено да може мастурбира и да гледа порно на работа.
Судот пресудил во нејзина корист, па така 36-годишната Ана Катарина сега може да мастурбира по 15 минути на секои 2 часа додека трае на работното време и да гледа порнографски материјали на својот компјутер.
Се разбира, судот имал причина за ваквата одлука. Ана страда од хемиски дисбаланс којшто кај неа предизвикува силно изразена анксиозност и хиперсексуалност.
„Стигнав до тој степен што мастурбирав по 47 пати на ден. Тогаш побарав и помош, сфатив дека тоа не е нормално“ – изјавила таа.
Докторот Карлос Ховерт ѝ препишал на Ана коктел лекови и со нивна помош сега таа треба да се самозадоволува „само“ по 18 пати дневно.
За повеќето луѓе сигурно ова изгледа смешно и апсурдно, но за разведената мајка на 3 деца која работи како сметководител тоа е голем проблем со кој се соочува секој ден.