Преку инвестирање во своето знаење и развој, инвестираме во својата иднина. А со инвестирањето во амбициозни млади, инвестираме првенствено во нивната иднина, во иднината на нашата држава, а потоа и на целиот свет.
Живееме во модерно дигитално општество во кое технологијата е присутна во секоја сфера, и за едно такво општество да продолжи да се развива и напредува потребни се млади, амбициозни професионалци кои ќе продолжат со иновациите, дигитализацијата и технологијата. Ова е главното мото кое ние како компанија го следиме, и поради тоа инвестираме првенствено во факултетите за информатички науки, а потоа и во останатите.
Како дел од нашата мисија за подобро образование и општество, пред три години остваривме соработка со Факултетот за информатички науки и инженерство (ФИНКИ) во Скопје и во овој период од три години сме имале голем број на презентации и дискусии со студенти на теми кои се актуелни во ИТ индустријата. Оваа соработка ја зајакнуваме и продолжуваме и оваа година, и по тој повод вчера на првиот академски час на ФИНКИ се обрати Миле Грујовски, еден од менаџерите на скопската канцеларија на ⋮IWConnect.
Во своето обраќање, Миле се осврна на фактот дека Македонија како држава се наоѓа речиси на исто ниво со останатите држави во поглед на испорака на ИТ производи надвор од неа, и дека според последниот извештај 80% од македонските ИТ компании ги извезуваат ИТ производите – бројка која не е воопшто за потценување, и која очигледно се зголемува и ќе продолжи да се зголемува. Освен тоа, професионалците во оваа индустрија имаат голем број на придобивки, меѓу кои доминантни се: а) неограничени можности за комбинирање на теоријата со практичното знаење, б) можеме да извезуваме ИТ производи било каде во светот, и 3) можеме да работиме од каде што сакаме. Пандемијата само ги зајакна овие придобивки, и со оглед на тоа дека светот е во постојана потрага за соработка со вистински професионалци инженери, изучувањето и станувањето професионалец во оваа индустрија е предизвик, а воедно и фасцинација.
Миле го продолжи својот говор истакнувајќи дека технологијата треба да ја користиме за да правиме добри дела секогаш, и за да го употребиме правилно своето знаење, потребно е да поставиме три доминантни прашања: 1) зошто ова знаење ми е потребно, 2) каде ќе го применам ова знаење, и 3) кога ќе го применам. Знаењето е моќ само кога е употребено правилно.
Со желби за успешна академска година, напредок и светла иднина, Миле го заврши својот говор.
Задоволство е да се биде дел од образовниот систем во нашата држава и да се даде придонес кон истиот, и мило ни е што како компанија имаме можност културата, вредностите и знаењето кое го имаме да го споделиме со студентите преку летните пракси и менторските програми кои ги спроведуваме на ФИНКИ, и ФИКТ (Битола). Во изминатите години, голем број на колеги започнале како практиканти или биле дел од нашите менторски групи за сега да се признаени колеги – професионалци во ИТ индустријата. Оваа пракса ќе ја продолжиме и оваа година и веруваме дека само на овој начин преку поврзување на теоријата со практичната работа од реалниот свет ќе бидеме сѐ подобри и подобри.
На сите студенти им честитаме прв академски час и им посакуваме успешна академска година!
Со почит, ⋮IWConnect
Доколку сакате да ги следите новостите во ИТ индустријата, и IWConnect, посетете ја нивната веб страна или заследете ги компаниските профили на социјалните мрежи: Facebook, Instagram, Twitter.
⋮IWConnect е ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија. Како компанија која се заснова на богато минато, а се фокусира на иднината на дигитализацијата и конекциите, ⋮IWConnect е општествено одговорна компанија која редовно инвестира во својот роден крај. Визијата на ⋮IWConnect е да создаде семејно-ориентирана култура, каде секој ќе може да го сподели своето мислење слободно, да пренесе знаење и да им помага на другите, со што ќе овозможи личен, професионален и етички развој на своите вработени, и родниот крај.
Со седиште во Битола, и канцеларии во Прилеп, Скопје, Амстердам, Хјустон, и Нови Сад, ⋮IWConnect успешно ја гради својата приказна повеќе од 18 години>
Контакт:
Андријана Димитриевска
Content Specialist|Employer Branding & B2B