Почетна » Новости » Промо » „Секое дете заслужува среќен почеток на учебната година“: IW4U донира училишен прибор на повеќе од 100 деца

„Секое дете заслужува среќен почеток на учебната година“: IW4U донира училишен прибор на повеќе од 100 деца

Сите го паметиме први септември или денот кога за првпат почнавме да одиме на училиште. Секој од нас се сеќава на возбудата, среќата и радоста кои ги исполнуваа нашите срца како што се приближувавме кон училишната врата. Вообичаено подготовките и возбудата за првиот училишен ден започнуваа уште во средината на летото со купувањето на училишни ранци, тетратки, моливи, пенкала, боички... Најверојатно и поголемиот број од нас се сеќава на свежиот мирис на училишниот прибор, па дури и денес кога ќе се најдеме во близина на книжарница или продавница за училишен прибор, тој мирис не потсетува на денот кога бевме првачиња. Овие сеќавања за нашиот прв училишен ден им ги раскажуваме на нашите деца, внуци, па и правнуци и на тој начин ја пренесуваме возбудата за 1 септември.

Донација на IW4U

Но, 1 септември не е подеднакво возбудлив и среќен ден за секое дете. Иако живееме во 21 век, во период кога сите се еднакви и секој има подеднакво право на образование, сеуште постојат семејства кои не можат да си дозволат училишен прибор за своите деца. И за нив, 1 септември не е воопшто посебен, а ни возбудлив. Напротив, многу често може да предизвика тага, па и разочарување. Но, сите ние можеме да го направиме овој ден посебен и возбудлив многу едноставно. И го направивме!

IW4U и оваа година го обои 1 септември во бојата на среќата за повеќе од 100 првачиња во Македонија. Следејќи ја својата традиција, и оваа година ⋮IWConnect преку нивната внатрешна платформа за донирање IW4U донира училишен прибор на повеќе од 100 деца, но овојпат во трите градови каде ⋮IWConnect има канцеларии – Битола, Прилеп и Скопје. Секој ден има нешто што можеме да го направиме, за да му го направиме некому денот поубав – а тоа е она што ⋮IWConnect преку IW4U го прави.

Донација на IW4U Донација на IW4U Донација на IW4U

Среќен 1 септември!

Промотивен текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19699 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.