⋮IWConnect е мултидисциплинарна ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија од денес го проширува своето портфолио на решенија со уште еден член – Global Help Desk.
Global Help Desk е мултифункционална стартап компанија која нуди услуги и решенија во повеќе области (Network Operations Center, help desk, call center) и 24/7 достапен партнер на своите клиенти. Со седиште во Битола, мисијата на Global Help Desk е да им овозможи на своите клиенти и нивните бизниси да функционираат беспрекорно секој ден преку давање на 24 часа поддршка и надгледување на нивните системи, 7 дена во неделата, а со тоа да им помогнат да станат водечки компании во нивната индустрија.
Партнерството помеѓу ⋮IWConnect и Global Help Desk го одразува трендот на соработка помеѓу компаниите во технолошкиот сектор. Технологијата се развива со голема брзина, а самото тоа придонесува таа да е клучна за секоја компанија. Со оглед на тоа, технолошките решенија и ИТ поддршката на тие решенија, и бизнисот во целина, се неминовен дел од функционирањето на една компанија. Приклучувањето на Global Help Desk кон ⋮IWConnect е резултат на овој тренд, а со тоа, ⋮IWConnect и Global Help Desk само ќе го зголемат квалитетот на решенијата кои ги даваат на своите клиенти.
„Веруваме дека приклучувањето на Global Help Desk кон ⋮IWConnect ќе ја зголеми и прошири вредноста која ⋮IWConnect ја дава на своите клиенти. Како компанија ние сме постојано посветени на давање на најдобрите технолошки решенија на нашите клиенти, и со нетрпение ги очекуваме можностите кои овој спој на компании ќе ги донесе” – вели Александар Мемца, партнер во ⋮IWConnect.
Ако сакате да дознаете повеќе за Global Help Desk, посетете ја нивната вебстрана. Доколку сакате детална информација за партнерството, можете слободно да нѐ контактирате.
⋮IWConnect е мултидисциплинарна ИТ компанија која има глобален простор на делување и е фокусирана на создавање на дигиталнo-оптимизирани технолошки решенија преку употреба на најновите светски технологии од облaста на интеграциите, анализа и менаџирање со податоци, тестирање, развој на софтвер и апликации, поддршка на бизнисите итн. Визијата на ⋮IWConnect е да создаде семејно-ориентирана култура, каде секој ќе може да го сподели своето мислење слободно, да пренесе знаење и да им помага на другите, со што ќе овозможи личен, професионален и етички развој на своите вработени.
Комерцијален текст