Почетна » Новости » Промо » Чоколино Дарк освојува на прва лажица

Чоколино Дарк освојува на прва лажица

Колку пати сте го прескокнале појадокот затоа што едноставно немате идеја што да јадете или брзате од рано наутро? Веруваме дека не сме единствените на кои понекогаш им е тешко да најдат време за лесен и избалансиран почеток на денот, но можеме да кажеме дека на ова му дојде крајот!

Eден од омилените утрински оброци сега доаѓа во ново руво, што ќе ве освои со прва лажица. Станува збор за појадокот од нашето детство - Чоколино, чија нова, дарк верзија има сé што ви е потребно за да го започнете денот полни со енергија.

Чоколино е длабоко всаден во нашите сеќавања и со секоја лажица ни го враќа слаткиот вкус на детството. Затоа, не можеме да замислиме подобро чувство за почеток на денот од ова. Иако е познат производ, Чоколино порасна со нас и покрај оригиналниот вкус, претстави и голем број успешни верзии кои беа прилагодени на барањата на неговите обожаватели. Така, сега, на пазарот се појави сосема нов вкус кој ќе ве натера да им се радувате на утрата.

Чоколино Дарк

Чоколино Дарк е совршениот оброк за почеток на денот, а освен тоа може да биде и одличен меѓуоброк кој со леснотија може да го подготвите и на работното место. Направен е од 100% интегрално овесно брашно богато со растителни влакна, засладено исклучиво со урми и темно чоколадо и богато со какао. Овие состојки се заслужни за богатиот вкус на оваа темна комбинација, а чувството на ситост што ќе ве држи долго во текот на денот.

Може да се подготви со обично или растително млеко, а како и секогаш Чоколино оброкот е готов само за неколку минути. Затоа Чоколино Дарк е секогаш одличен избор за сите кои имаат напорен распоред веќе од рано наутро или за оние кои имаат навика да го одложуваат утринскиот аларм.

Чоколино Дарк - побарајте го на полицата со житарици за појадок.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19689 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.