Почетна » Новости » Промо » Учениците од Охрид ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

Учениците од Охрид ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

Во деветте основни училишта во Општина Охрид ќе се одржат работилници против врсничко насилство што ќе ги овозможи „Макпетрол“ во својата општествено одговорна кампања. Изминатиов период Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од активностите на „Крени глас против врсничко насилство“. Заедно со Охрид, досега вкупно 15 општини и нивните училишта се вклучија во кампањата против булингот. „Макпетрол“ и Општина Охрид потпишаа меморандум за соработка.

Крени глас - кампања на Макпетрол

- Чувството на одговорност кон заедницата, искрената желба да придонесеме за нејзиниот развој, се само дел од мотивите поради кои што решивме да ја отпочнеме и да ја реализираме оваа кампања. Децата и младите, особено нивните потреби и предизвици, дефинитивно беа клучни во одлуката која е областа што токму ним би им помогнала или би им била пречка да се развиваат. Проценивме, а тоа е нешто што е потврдено и во многу земји надвор од Македонија, дека врсничкото насилство за нив е реален проблем и дека поддршката на овој план ќе им биде од голема помош. Особено ни е драго што во сето ова се пронајдоа и ни се приклучија голем број општини и образовни институции од сите делови од земјава. Веруваме дека преку соработката со нив, не само што ќе го кренеме интересот, туку и на најмладите ќе им овозможиме платформа за едукација и комуникација во врска со проблемот со булингот - вели членката на управниот одбор и директорка во „Макпетрол“, Марија Јосифовска-Спасовска.

„Христо Узунов“, „Григор Прличев“, „Св. Климент Охридски“, „Братство - Единство“, „Ванчо Николески“, „Живко Чинго“, „Кочо Рацин“, „Св. Наум Охридски“ и „Методи Патче“ се училиштата во кои што ќе се одржат работилници предводени од психолог со долгогодишно искуство на темата. Учениците, но и претставниците на стручните служби на овие установи, ќе се здобијат со знаења за булингот. Истите потоа ќе можат да се применат и во секојдневната настава. „Макпетрол“, исто така, ќе испечати и едукативни материјали за врсничкото насилство.

Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се формите на булинг, а токму тие се обработуваат на работилниците и се дел од споменатите едукативни прирачници. Освен за децата, тие се наменети и за нивните родители и наставници. Информации за булингот се содржани и на вебсајтот kreniglas.mk. Оваа платформа е носечки дел на кампањата и таа може да се искористи и за анонимно споделување лични искуства поврзани со врсничкото насилство.

Крени глас - кампања на Макпетрол

„Макпетрол“ досега потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров. До крајот на минатата година, работилници беа организирани во пет од наведените општини. Во останатите, тие се во тек или ќе се одржат во периодот што следува.

„Крени глас против врсничко насилство“ е едукативна кампања на „Макпетрол“, преку која што компанијата реализира една од своите најзначајни цели - општествената одговорност. Во нејзини рамки неколку илјади ученици од над 40 училишта во земјава се здобија со знаења за булингот преку работилници со психолог. Освен поддршка за учениците и за младите, компанијата преку кампањата сака да го крене интересот за булингот како сериозен општествен проблем и да го трасира патот кон одржливи и долгорочни решенија.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.