На вкусната супа секогаш и се радуваме, без оглед на приликата или денот во неделата. Супата инспирира убави и топли животни моменти, а нејзиниот вкус е поврзан со пријатни емоции кои што остануваат во меморијата долго време.
Повеќе од 60 години, Подравка им нуди на своите потрошувачи највкусни супи, и само најквалитетните и внимателно избрани состојки станаа дел од широката палета на супи на Подравка. Тајната е што секоја супа на Подравка е создадена и произведена со срце, дел е од животот на своите потрошувачи и ја ужива нивната доверба. Вкусот на вистинска домашна супа, семејните собири околу трпезата, топлата и блиска атмосфера и денеска се синоними за супите на Подравка.
Со над 80 вкусови на супи кои се продаваат на повеќе од 40 пазари низ светот, Подравка нуди супи за сечиј вкус и за секоја пригода: од класични, иконите Кокошкина супа со тестенини и Говедска супа со тестенини, преку стандардните вкусови со кои секојдневно го започнуваме ручекот, па се до - крем супите за најголемите сладокусци. Кокошкината супа со тестенини и Говедската супа со тестенини, со традиција повеќе од 60 години, се омилените супи на генерации потрошувачи.
Тие се добредојден гостин на семејните ручеци - носат идеална комбинација на вкус на месо, коренест зеленчук и квалитетни тенки тестенини, и сето тоа само за 5 минути готвење! Препознатливиот шарен петел на Кокошкината супа и кравата на Говедската супа до денеска останаа симболи на овие вкусни супи. На македонскиот пазар, потрошувачите ја одбрааКокошкината супа со тестенини на Подравка како омилена, а покрај оваа супа, честопати во нашите чинии се наоѓаат и Швајцарската, Алпската и Сватовската супа на Подравка.
Со цврста основа во традицијата и со поглед кон иднината, Подравка постојано работи на инвентивни нови вкусови и комбинации со цел да одговори на растечките желби и потреби на потрошувачите и да биде во чекор со трендовите во исхраната. На овој начин, редовно го збогатуваме асортиманот со нови супи, но и со некои нови практични решенија за потрошувачот:
Ретро кокошкина коцка Подравка и ретро говедска коцка Подравка се нови производи во категоријата супа кои го следат вкусот и квалитетот на нашите супи - икони. Препознатливите две супи ви го гарантираат вашиот омилен вкус и квалитет, кој благодарение на овие коцки, сега може да ги збогатите јадењата како рижото, тестенини, чорби, сосови и многу други.
Комерцијален текст