Почетна » Новости » Промо » Протеините како есенцијална компонента за правилен развој кај децата

Протеините како есенцијална компонента за правилен развој кај децата

Избалансираната исхрана е доста битна за растот и развојот на децата, а протеините се една од есенцијалните компоненти на таквата исхрана. Протеините се макронутриент што е витален за растот и развојот на детето. Сепак, истражувањата покажуваат дека секое седмо дете во училишна возраст не ги достигнува дневните потреби за протеини.

Протеините играат есенцијална улога во повеќе телесни функции, меѓу кои и за обновување на ткивата во мускулите, коските, кожата, органите, крвта, косата и ноктите. Храната што содржи протеини најчесто содржи и други хранливи материи, како витамин Е, Б витамини, цинк, железо и магнезиум.

Деца

Потребата за протеини кај децата варира од нивната возраст. Според последните „Диететските напатства за Американците“ (The Dietary Guidelines for Americans) од 2020 година, препораките и за машките и женските деца до 14 годишна возраст се исти (13 до 34 g протеини дневно). Во текот на тинејџерските години (14–19 год), препораките за протеини се нешто повисоки за момчињата (52 g протеини дневно), поради претпоставката дека кај нив повеќе се зголемува мускулната маса отколку кај девојчињата (46 g протеини дневно). Треба да се внимава и на тоа дека протеините треба да заземаат 10% до 30% од дневните калорски потреби на децата, а остатокот треба да се надополни со храна со масти и јаглехидрати.

Децата кои не внесуваат доволно протеини може да се соочат со здравствени проблеми, вртоглавици, слаба концентрација, забавен раст, болка во коските и зглобовите, забавено заздравување на рани, како и заслабен имунитет. Сепак, нема потреба од броење калории затоа што општите препораки се само почетна точка и подобро е фокусот да биде на разновидноста на исхрана на децата богата со лепеза на хранливи материи, како калциум и железо, кои исто се битни за раст на мускулите и коските.

Протеински потреби на физички активни деца

Физичката активност, како и времето поминато во седење имаат силно влијание врз здравјето во сите фази од животот, а играат посебно битна улога во периодот на раст и развојот. Меѓу придобивките од физичката активност за децата се одржувањето на енергетски баланс, а со тоа и здрава телесна маса, како и помош во развојот на коските и мускулите и намалување на ризикот од дијабет и хипертензија.

Со оглед на тоа што децата растат, а растот е еден од факторите кои ги условуваат протеинските потреби на децата, значи дека децата кои се физички активни би имале и поголеми потреби од протеини отколку минимално активните деца. Сепак, актуелните препораки за внес на протеини не даваат одделни препораки според физичката активност на децата, а причина е недостатокот на студии.

Со физичката активност доаѓа до разложување на мускулите и оксидација на аминокиселините, поради што спортувањето ја зголемува потребата за протеини во исхраната како поддршка на синтезата на поголема мускулна маса.

Став на Академијата за исхрана и диететика од САД, Здружението на диететичари од Канада и Американскиот колеџ за спортска медицина е дека возрасните што применуваат редовна физичка активност треба да конзумираат поголем процент на протеини. Би требало истото да важи и за физички активните деца кај кои има поголем раст на мускулната маса би требало да имаат нешто поголеми потреби за протеини, споредено со децата што се послабо физички активни.

Децата често се доста пребирливи во изборот на храна, но добрата вест е дека со мали промени, може да се збогати исхраната на децата со протеини. Според податоците од студијата National Health And Nutrition Examination, ужините или јадењето меѓу главните оброци сочинува околу 30 проценти од дневните калории кај децата. Затоа за повеќе протеини најлесно е да се интервенира токму во ужините во кои ќе се додаде протеинското млеко на Алпско. Со 15 g протеини во една чаша, протеинското млеко на Алпско преставуваат доста лесен извор на протеини за децата, а покрај тоа детскиот организам го снабдува и со калциум. Млекото може да се искобинира со овошје, путери од јатки, дополнително и со некој засладувач или да се додаде во овесна или оризова каша за да биде уште попримамлив оброк за деца.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19773 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.