Почетна » Новости » Промо » Која боја на смартфон ја преферирате? Најновото истражување на Motorola открива неочекуван тренд!

Која боја на смартфон ја преферирате? Најновото истражување на Motorola открива неочекуван тренд!

Првото истражување во Централно-источна Европа за боите на технолошки уреди открива интересни резултати

Претставувањето на бојата на годината е годишен спектакл кој опфаќа бројни индустрии, од внатрешен дизајн до мода, психологија и технологија. Со претставувањето на бојата на годината за 2024 и ексклузивната соработка со Pantone Colour Institute, Motorola го направи првото истражување кое покажува дека преференциите за боја и материјал играат голема улога при изборот на телефон, навлегувајќи во желбите и ставовите на потрошувачите во Централно-источна Европа. Ова истражување покажува изненадувачки резултати како тоа дека белата е последен избор при купување на смартфон и дека 47% од машките испитаници се подготвени да поседуваат Viva Magenta телефон (телефон во розево – виолетова нијанса).

Ова истражување е направено во 8 земји – Бугарија, Полска, Романија, Чешка, Словачка, Украица, Унгарија и Србија.

Motorola

Сина боја, несомнен фаворит

За 33% од испитаниците, сината не е само боја туку личен печат – како што тврдат дека сината е нивната go-to боја при избор. Помладите жени водат во прифаќањето на спектарот на бои, предизвикувајќи ја традиционалната црно-сина-зелена комбинациија.

Црната боја го зазема второто место при изборот. Gen Z покажува дека е најмногу конзервативна кога станува збор за избор на бои, со тоа што е единствената возрасна група која ја избира црната за омилена. Зелената е рангирана на трето место со тоа што 13% од испитаниците се изјасниле за неа. Црвената доаѓа на 4-то место со само 10% од гласовите.

Виолетовата е најчестиот избор во опцијата на „дополнителни бои“, со што ја индицира својата популарност.

Милениумците докажаа дека се отворени при изборот на бои

Дури 82% од испитаниците се подготвени да го „зачинат“ својот стил со телефон во својата омилена боја. Милениумците докажуваат дека се подготвени да ги отфрлат конвенционалните бои и да нурнат во светот на енергичната технологија. Ова означува отстапување од монохроматската ера, нагласувајќи ја желбата за персонализирани и експресивни технолошки додатоци.

Црната сè уште е најдобар избор, но се прифаќаат и други бои

Црна, безвременската класика, ја докажува својата популарност со тоа што 42% од испитаниците тврдат дека последниот телефон кој го купиле бил во црна боја. Сепак, шарените опции се прифатени со тоа што се одбрани од 38% од испитаниците.

Металната боја е на дното со 16%, додека белата е на заминувачка позиција со тоа што е најретко избрана боја при избор на боја на телефон.

Но, колку е важно тоа? Многу, според резултатите! Повеќе од 35% жени и 30% мажи тврдат дека бојата на уредот се рангира во главните фактори кога се избира нов телефон. Тој процент е дури повисок за една специфична возрасна група – 18-24 годишни.

Ова покажува дека телефоните не се само за практичност, туку тие значајно учествуваат во персонализирање на стилот. Потрошувачите не бараат само уред кои работи, тие бараат уред кој ќе се вклопи во нивниот стил.

Viva Magenta го држи централното место

Големото влегување на Viva Magenta како Pantone боја за 2023 година е пречекана со ентузијазам од 63% од женските испитаници кои тврдат дека би купиле телефон кој е во тренди розево-црвена нијанса. Ова означува дека не е само изборот на бојата туку и желбата да се следи трендот и да се остави стилски печат. За помал процент, но сепак забележителен 47% од мажите се изјасниле дека би земале телефон во оваа нијанса и дека би се оттргнале од традиционите бои.

Материјалот е важен – од што е направена задната маска?

Скоро половина од испитаниците 49% преферираат метален заден дел на телефонот. Пласиката ја одобруваат мажите како свој втор избор (18%), додека жените сакаат елеганција на тврдо стакло (20%). Веганската кожа е омилен избор кај жените над 35 години.

62% од испитаниците тврдат дека завршниот материјал на телефонот може да влијае при изборот. Додека за само 10% тоа не е нешто што би го зеле во предвид при изборот на телефон.

Еволуцијата на личното изразување преку технологијата е незапирлива. Иако сè уште е малку срамежлива зад доминантната црна боја, бојата ќе биде во првите редови на оваа револуција каде иновативноста и индивидуалноста немаат граници. Старомодните норми за боја исчезнуваат. Вродената рационалност преовладува во аспектите на претпочитаниот материјал и неговата важност иако растечката популарност на еколошките опции е многу ветувачка.

Motorola и Pantone ја поставија подлогата каде смартфоните не се само функционални алатки, туку персонализиран израз на идентитетот.

Единствен застапник и дистрибутер на Motorola смартфони во Македонија е компанијата АИТОНИКС АД. Актуелните Motorola смартфони можете да ги пронајдете во ритејл мрежата и телекомите.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19765 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.