Конкурсот за 10. International Medis Awards for Medical Research е отворен до 2 ноември
Лекарите и фармацевтите кои, покрај редовната клиничка пракса, се занимаваат и со истражувачка работа, по десетти пат можат да се натпреваруваат за престижните International Medis Awards for Medical Research. Истражувачите од девет земји од Централна и Југоисточна Европа можат да се пријават на конкурсот до 2 ноември 2023 година. Извонредните научно-истражувачки достигнувања во девет области ги доделува независна меѓународна комисија од угледни професори. Меѓу добитниците на 9. International Medis Awards беше и докторката Фанка Гилевска од Северна Македонија.
Целта на наградите е да ги изложат овие лекари и фармацевти пред јавноста со цел да го прошират знаењето за нивната работа и да ги поттикнат нив и другите на понатамошна истражувачка работа. Тие со својата работа носат значајни новини во медицината и фармацијата и со тоа овозможуваат поефективен третман на болестите.
„International Medis Awardsнаградите се значајно признание за лекарите и фармацевтите кое гарантира дека нивната непроценлива работа ќе го добие вниманието што го заслужува“, нагласува претседателот на меѓународната експертска комисија, проф. д-р Борут Штрукељ, м-р. ф., од Фармацевтскиот факултет на Универзитетот во Љубљана и воедно изјавува: „Ги повикувам сите истражувачи да ја достават својата работа, бидејќи тоа ќе ја зголеми видливоста на нивната истражувачка и клиничка работа во научната заедница. Дополнително, вашето истражување има потенцијал да привлече поширока публика и да го зголеми признанието на научните достигнувања од оваа област на Европа кај народната јавност“.
Наградата е и мотивација за понатамошна работа
Меѓу добитниците на 8. International Medis Awards беше и д-р Фанка Гилевска од Северна Македонија. При приемот на наградата таа кажа: „Толку сум среќна што сум дел од финалистите на наградите на International Medis Awards, па така сега работам уште повеќе и со поголема мотивација на својот втор труд. Овие награди ги чувствувам како силна поддршка истражувањата да се прават паралелно со клиничката работа и како многу вредно признание за досегашната работа. Благодарна сум што работам во болница, во тим кој е пријател на науката и ме поддржува еднакво во работата и истражувањата. Моето семејство ми е најголема среќа и секојдневна инспирација.“
Високи критериуми и меѓународна конкуренција со големи очекувања
Поканети се да учествуваат лекари и фармацевти од областите гастроентерологија, гинекологија, медицина и анестезиологија на интензивна нега, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија и алергологија, ревматологија, како и фармација. Може да учествуваат истражувачи од Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Словенија, Србија, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.
Поднесените научно-истражувачки трудови мора да бидат објавени во меѓународна научна публикација со фактор на влијание поголем од 1.500 помеѓу 1 октомври 2022 и 31 октомври 2023 година.
Кандидатите можат да поднесат пријави до 2 ноември 2023 година на англиски јазик користејќи го формуларот на www.medis-awards.com.
Наградите International Medis Awards се основани во 2014 година на иницијатива на Медис, доо, која сè уште е главен спонзор на натпреварот. Прочитајте повеќе на: www.medis-awards.com.