Почетна » Новости » Промо » Добредојдовте во новиот Нептун

Добредојдовте во новиот Нептун

Нептун Македонија ги отвора вратите на новата продавница во петок, на 15.12 во 12.00 часот, на нова и достапна локација, во Ритејл парк Годи, на ул. „Перо Наков“, бр. 108, во нов, уникатен простор.

Новата премиум продавница претставува вистински хипермаркет за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 30 врвни брендови со најнови модели и иновативни решенија за сечија потреба.

Покрај одличните цени, Нептун Македонија од 15.12 до 17.12 обезбеди и подароци и ексклузивни понуди, попусти до 50%, како и двојно повеќе поени на haPPy картичката, поволности и изненадувања креирани специјално за оваа пригода.

Neptun

На овој врвен продажен простор од 1.300 квадратни метри, може да најдете широк асортиман на премиум производи што ќе ја исполнат секоја желба и потреба.

„Отворањето на оваа продавница е доказ за нашата посветеност да обезбедиме супериорно шопинг искуство. Нептун Македонија опстојува три децении, денес веќе на 26 продажни локации, во 21 град во Македонија, нудејќи широк спектар на ексклузивни производи, но и стручна поддршка при купувањето“ - изјави Тасевска Александра, Координатор за корпоративен маркетинг во Нептун.

Производите на Нептун Македонија се дел од секојдневието на илјадници потрошувачи со генерации. Клучот за успехот на компанијата зависи токму од нив и од нивните желби, а Нептун континуирано се стреми да ги обезбеди најиновативните производи и решенија за потребите кои постојано се менуваат.

За потсетување, во тек е и големата роденденска наградна игра, со главна награда СТАН која завршува на 27.12.2023, а која се повикува на популарно мото дека потрошувачите секогаш добиваат повеќе во продажната мрежа на Нептун.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19685 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.