Почетна » Новости » Промо » Богата едукативно-забавна програма на Халкбанк за Светскиот ден на штедењето

Богата едукативно-забавна програма на Халкбанк за Светскиот ден на штедењето

Со кампањата „Среќата е во малите чекори“ Халкбанк АД Скопје организира низа настани во текот на октомври за да го поттикне штедењето особено меѓу најмладата популација. Кампањата ќе биде заокружена во вторник (31 Октомври) на Светскиот ден на штедењето, со богата едукативна и забавна програма во Градскиот парк во Скопје.

Светскиот ден на штедењето се одбележува од 31 Октомври 1924 година, а Халкбанк овој ден го посветува со најголемо внимание кон најмалите.

Халкбанк

Кога на децата на едноставен и разбирлив начин ќе им покажете како функционира светот на парите и на штедењето, тие ќе прераснат во возрасни одговорни личности со навики за штедење. Халкбанк АД Скопје постојано организира кампањи за да им помогнеме на најмладите членови на нашето општество да пораснат во граѓани кои ќе бидат одговорни и ќе се грижат за вистинските вредности. Еден од овие чекори е и новото издание „Букварот на Халки“ преку кој банката на сликовит начин им ги претставува најважните финансиски поими на децата за да ги разберат позитивните аспекти на детското штедење“ – вели Наумовска-Савеска.

Халкбанк

Со богатата програма на Халкбанк, Градскиот парк во Скопје во вторник ќе прерасне во едукативно-забавен парк на отворено. Од 13 часот ќе има отворена детска работилници на тема „Среќата е во малите чекори“. Од 15 часот следува музички блок со слончето Халки, најдобриот пријател на децата, а во 17 часот е закажана промоцијата на „Букварот на Халки“. Следува дружење со Идолите на Халки, 12 исклучителни талентирани деца од цела Македонија преку кои Халкбанк во соработка со порталот Умно.мк во изминатата година ги промовираше науката, образованието, уметностите и спортот меѓу најмладите.

„Букварот на Халки“ деновиве беше промовиран и во Гевгелија, Битола и во Куманово. Во друштво на слончето Халки, љубопитните дечиња одлично го прифатија новото издание преку кое веќе учат нови работи.

Халкбанк Халкбанк Халкбанк

Халкбанк АД Скопје е најбрзорастечка банка во Македонија и една од петте најуспешни. Како компанија таа има цврста корпоративна политика со јасна визија за поддршка на општеството и вистинските вредности. Досега има организирано многу кампањи за различни возрасни групи, повеќе од 200 креативни работилници за деца низ цела Македонија. Многу од нејзините платформи се однесуваат на едукацијата на децата, на подигнување на еколошката и културната свест, поттикнувањето на здравиот живот и спортските навики.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19685 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.