ONE HOSPITAL е отворена за секого, секој ден од годината, обезбедувајќи примарна и секундарна здравствена нега, како и врвна дијагностика во центарот на Тетово. Со речиси 100 вработени, од кои 20 доктори и преку 40 медицински сестри, ONE HOSPITAL претставува медицински центар кој се протега на 3000 м2 и нуди комплетни дијагностички и болнички услуги.
Со ONE HOSPITAL се поставува нов концепт на дијагностика и третман во областите на Општа Хирургија, Пластична и Реконструктивна Хирургија со Естетика, Ортопедија, Интерна Медицина со комплетен Ендоскопски и Колоноскопски пакет, Педијатрија, Неврологија, Урологија, Радиологија, Гинекологија, Стоматологија, Ортодонција и Орална Хирургија.
ONE HOSPITAL е опремена со ПЕТ/КТ скен, една од најпрецизните дијагностички методи на нашето време кој се користи во областа на онкологијата за детекција на тумори, одредување на стадиумите на на тумороти негово ширење, планирање радиотерапија, откривање како телото реагира на третманот и одредување дали туморот е малиген или бениген.
ONE HOSPITAL поседува и МРИ 1.5 Тесла уред кој обезбедува уште подетална и посигурна дијагноза на болеста. Одделот за радиологија поседува и апарат за повеќеслојна компјутерска томографија , Мамографија, Дезинтометрија на коски, Рендген, Ехо.
Одделот ONE ESTHETICS применува напредни процедури од светска класа, користејќи софистицирана и модерна опрема и технологија, а нашиот тим го водат врвни специјалисти со долгогодишно искуство. Ги нудиме следниве процедури: ботокс и филери, трансплантација на коса, дерматологија, отстранување на лузни, ласерска епилација, козметичка стоматологија, импланти, пластична и реконструктивна хирургија.
ONE HOSPITAL се разликува од останатите медицински центри по неколку важни аспекти и затоа претставува лидер во болничка терапија и третман.
Еве неколку причини зошто ONE HOSPITAL:
- Атмосферата во болницата е апсолутно пријателска и топла, така што со влегувањето во ONE HOSPITAL пациентите се чувствуваат сигурно и опуштено, што е од особена важност за одржување и градење на взаемната доверба.
- Поради ПЕТ КТ и МРИ 1.5 ONE HOSPITAL претставува еден од ретките медицински центри во регионот кој ја има најновата технологија за рано дијагностицирање и третман на тумори.
- Компетентен медицински персонал кој е комплетно фокусиран на пациентите: експертскиот тим на ONE HOSPITAL се состои од врвни доктори со искуство, знаење и ентузијазам да дијагностицираат и лекуваат широк спектар на здравствени проблеми и состојби со користење на светски докажани методи, опрема и технологија.
- Услугите на ONE HOSPITAL се достапни 24 часа во неделата, со удобност и хигиена на многу високо ниво според сите светски стандарди.
ONE HOSPITAL има свои поликлиники и во Скопје и Гостивар.
Комерцијален текст