Почетна » Новости » Промо » KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

Еден од најголемите ланци на ресторани, KFC, на 18.07.2019 (четврток) во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија. Преку препознатливиот модел на работење, популарен помеѓу големите ланци за храна во светот, новиот ресторан ќе им овозможи на сите оние кои се во брзање, без да излегуваат од својот автомобил, брзо и лесно да го купат својот омилен оброк.

Опремен со две дополнителни каси за нарачка и превземање на храната од надворешниот дел на ресторанот, преку новата „drive thru“опција, процесот на земање на нарачката за секој возач е многу пократок и поедноставен.

KFC

KFC ланецот на ресторани продолжува со предвидените планови за проширување во Македонија и воведување на новини во работењето. Позициониран на одлична локација, ресторанот покрај капацитетот за околу 150 посетители, вклучувајќи ја и терасата каде гостите ќе може да го почувствуваат вистинскиот дух на KFC, овозможи и отворање на повеќе од 30 нови работни места.“ – изјави г-дин Фатмир Фејзули, генерален менаџер на KFC Македонија.

Со овој ресторан KFC ја продолжува стратегијата да биде присутен во што поголем број на градови во земјата и да им ги понуди на своите ценети гости највкусните и свежи јадења од пилешко подготвени според тајниот оригинален рецепт со 11 состојки и зачини на основачот на KFC, полковникот Сандерс.

KFC

Отворањето на уште еден ресторан во Скопје потврдува дека за многу кратко време ја стекнавме довербата на нашите гости и навистина ни е драго што тој број континуирано расте. Единствен од овој тип во Македонија, со својот уникатен и урбан дизајн и уреден со најсовремена опрема, ресторанот ја доловува енергијата на брендот препознатлива за KFC. Без разлика дали доаѓате сами или со друштво, во текот на првиот месец се предвидени многу активности и специјални попусти. “ - наведе Жаклина Герасимовска, маркетинг менаџер на KFC Македонија.

Ресторанот во текот на летото ќе биде отворен од 10:00 до 02:00 часот наутро. Истиот има вкупна површина од 420m2 и се наоѓа на крстосницата помеѓу „Македонско-косовскабригада“ и булеварот „Словенија“ во Скопје.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20098 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.