Почетна » Новости » Промо » 100 години Пивара Скопје: 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата

100 години Пивара Скопје: 100 години традиција, развој и партнерство со заедницата

Пивара Скопје прослави една уникатна приказна, со патувањето кое започна во 1922 година, од визионерско партнерство, искрена доверба и иновативен дух. Врз тие вредности е изградена Пивара Скопје и тие остануваат наш темел низ сите овие години.

Како дел од одбележувањето на големиот јубилеј беа организирани специјални настани на кои заедно со партнерите беше сумиран досегашниот придонес и беше трасиран патот за следните 100 години на Пивара Скопје во одржливиот развој и поддршката на заедницата во неколку клучни области, како што се: едукацијата и развојот на младите, обезбедувањето чиста животна средина и заштита на водните ресурси, создавање инклузивна и средина за учење за вработените и партнерите, инвестирање во нови технологиии други области, како што се: спортот, културата, уметноста и традицијата.

100 години Пивара Скопје

На парнерските настани организирани за 100-годишнината на Пивара Скопје учествуваше и главниот извршен директор на групацијата Coca-Cola HBC, Зоран Богдановиќ, како и претставници од Heineken N.V. и The Coca-Cola Company. Во оваа прилика тие направија посета на пазарот, при што Пивара Скопје уште еднаш се заложи да обезбеди највисок квалитет на премиум производите и на искуството на нашите купувачи и потрошувачи. Како резултат на тоа, се создаваат високи трајни вредности кои се споделуваат заедно со партнерите и заедницата. Тие го посетија и центарот за искуства на Пивара Скопје, сместен во зграда која постои од почетоците на компанијата и каде се наоѓаат голем број артефакти кои сведочат за нејзината долга и богата историја.

100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје

„Ѝ ги честитам на Пивара Скопје првите 100 години од нејзината успешна работа. Среќни сме и особено горди што во нашата групација имаме компанија со толку богата традиција, со толку многу страст за иновации, за највисок квалитет, за развој и со исклучителен сенс и грижа за потребите на заедницата на која ѝ припаѓа. Заради сето тоа и многу повеќе, Пивара Скопје и нејзините вработени и партнери ќе продолжат да јадобиваат нашата бескомпромисна поддршка, рече главниот извршен директор на Coca-Cola HBC, Зоран Богдановиќ.

100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје

Автентичната приказната за Пивара Скопје, која се раскажува веќе 100 години, беше повод и за дружење меѓу вработените, деловните и партнерите од заедницата кои во изминатите децении учествуваа и дадоа личен печат во креирањето и споделувањето на заедничките успеси. Сите тие наздравија за богатото наследство создадено од Пивара Скопје во минатото, фокусирајќи се на нејзиниот успех во иднина, што е уште поважно.

100 години Пивара Скопје

„Нашата компанија е основана и изградена овде. Нашето наследство и нашите брендови се составен дел од градот, земјата и националниот идентитет. Како нераскинлив дел од заедницата, ние го претставуваме најдоброто од локалнитите состојки, талент и дух. Истовремено, ние сме дел од едно големо интернационално семејство. Заедно со Coca-Cola HBC и Heineken ние имаме единствена можност да го збогатиме нашиот заеднички потенцијал, преку постојана размена на знаење, искуство и таленти. Да се живее сто години е како да се трча маратон, а не спринт. Не е потребно само сила, туку и конзистенстост и истрајност. Но, со цел тој живот да биде успешен, исполнет и забавен, потребно е заедништво. Горди сме што споделуваме толку многу заедно, толку спомени и посебни моменти, во добро и во лошо. Затоа, кога велиме дека сме партнери засекогаш, дека растеме заедно, секогаш заедно, тоа навистина и длабоко го мислиме. Се надеваме дека ќе се чувствувате како да сте дел од ова посебно патување или како што секогаш велиме – Eднаш Пиварец, засекогаш Пиварец“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Горан Сладиќ.

100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје

Честитки за 100-годишниот јубилеј пристигнаа од голем број видни личнсти од заедницата, почнувајќи од претседателот Стево Пендаровски, кој присуствуваше на централниот настан за одбележување на роденденот.

Како дел од прославата, на два одвоени работни состаноци се разговараше за бизнис моделот на одржливост, како и за потребата да се фокусираме на младите и на создадевањето инклузивна средина за учење за вработените и партнерите, за да можат тие да го достигнат својот целосен потенцијал, па дури и да го надминат и прошират.

100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје

Приклучувајќи се кон честитките за големиот јубилеј, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини ги нотираше континуираните напори и вложувања на Пивара Скопје во доменот на одржливиот развој и заштитата на животната средина, посебно нагласувајќи ја предводничката улога на компанијата во подигнување на јавната свест во однос на постапувањето со отпадот.

Една од вредностите на Пивара Скопје е желбата да расте, при што посебно внимание се посветува на растот и развојот на младите. Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска ѝ оддаде посебно признание на Пивара Скопје за постигнатите резултати во реализацијата на долгорочниот проект за обука на млади луѓе „Вештини за успех“, како дел од платформата „Youth Empowered“, како и за проектот за практикантска работа „Coke Summership“. Овие платформи помогнаа да се создадат генерации на таленти и успешни луѓе.

100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје 100 години Пивара Скопје

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.