Почетна » Новости » Занимливости » Владимир Косијер – нов генерален директор на Пивара Скопје

Владимир Косијер – нов генерален директор на Пивара Скопје

Од 1 мај 2018 функцијата генерален директор на Пивара Скопје ќе ја извршува Владимир Косијер. Тој на оваа позиција доаѓа по Јован Радосављевиќ, кој со оваа редовна организациска промена е унапреден на позицијата генерален директор на операциите на Coca-Cola HBC во Романија.

Владимир Косијер

На позицијата генерален директор на Пивара Скопје, Владимир Косијер доаѓа од Украина каде во изминатите пет години ја извршуваше функцијата менаџер за продажба на Coca-Cola HBC за пазарите на Украина и Молдавија.

Благодарание на неговото лидерство, фокусот кон потребите на потрошувачите и мотивацијата на тимот со кој раководел, компанијата остварила рекордни резултати во продажбата и задоволството на потрошувачите, за што сведочат голем број освоени меѓународни награди и признанија во рамки на Coca-Cola HBC групацијата.

Владимир Косијер

„Навистина со големо нетпрение очекувам и се радувам што ја преземам функцијата генерален директор на Пивара Скопје. Компанијата има одлична репутација во Групацијата како резултат на нејзините успеси и значење за зедницата и секако, нејзините луѓе. Верувам дека со моето искуство ќе придонесам кон натамошниот одржлив развој на компанијата и на натмошните вложувања во сите сегменти што го поттикнуваат тој развој, почнувајќи од нашиот тим, довербата на купувачите и потрошувачите во нашите брендови и секако во заедницата“, изјави Владимир Косијер, пред стапувањето на функцијата генерален директор на Пивара Скопје.

Владимир Косијер

Својата кариера во Coca-Cola системот, Косијер ја започнува пред повеќе од 16 години во Србија, поминувајќи ги сите скалила во комецијалниот сектор и учествувајќи во реализацијата на голем број проекти.

Одличните резултати во досегашната кариера на Владимир Косијер, во комбинација со неговата експертиза, искуство и уникатениот стил на управување со комплексни тимови, се дополнителна гаранција дека под негово раководство Пивара Скопје ќе продолжи со натамошно зацрвстување на пазарните позиции, одржување на високото ниво на задоволство на потрошувачите и вложувањата во одржлив развој и општествено одговорни проекти значајни за пошироката заедница.

За повеќе информации посетете ја интернет страницата ПОЛНА ЧАША: www.polnacasa.mk

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20821 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.