Секоја жена треба да ги знае овие 10 едноставни, но важни чекори за градење на вашата самодоверба и преземање контрола на вашиот живот.
Колку пати сте почувствувале дека Ви е потребно повеќе време за себе? Дали ви биле потребни повеќе време и ресурси за да ги исполните вашите соништа? Дали се појавија сите можни видови на пречки кои ве спречуваат да стигнете таму каде што сакате да одите? Еве 10 едноставни, но важни чекори кои ќе ви помогнат да станете посилни и да ја преземете контролата врз вашиот живот.
Брзото темпо на секојдневието и одговорноста која ја носиме, се чини дека растат и се повеќе и повеќе ве туркаат во една лавиринт кадезнаете дека постапувате правилно, но сепак на крај ништо не е онака како што сте замислиле? Понекогаш чуствувате дека немате контрола врз важите акции и движења, како лист кој ветерот го носи или брод кој го носат брановите. Време е да ја преземете контролата над веслата, и да започнете да управувате со вашиот брод. Време е Вие да ја носите таа одлука, каде сакате да одите и паралелно да гинамалите сите непредвидени и непланирани постапки и делувања, во вашиот живот.
Овие 10 чекори ќе Ви помогнат да бидете посилни, да имате поголема контрола врз вашите одлуки, да се чувствувате независни и исполнети. Добро управување со времето, планирање и организирање на активностите и ресурсите потребни за споведување на тие активности, ви помагаат да стекнете повеќе време за себе, да ги решите побрзо и поефикасно проблемите кои ги генерираат вашите секојдневни грижи и истовремено ви овозможуваат да се грижите за себе, да го одржувате вашето здравје и благосостојба.
- Паметно управување со буџетот
Трошоците не секогаш се правопропорционални со вашите потреби и желби. Затоа се случува да трошиме емоционално, купуваме работи кои ги забораваме во плакарот, го имаме тоа чувство дека не знаеме кога и каде отишле парите. Управувањето со буџетот ни помага да се фокусираме на нашите цели, да ги идентификуваме нашите потреби, да ги идентификуваме тие непотребни трошоци и исто така да ни помогне да се развиваме побрзо, инвестирајќи ги финансиите по претходно подготвен план. Во основа, учиме да ги користиме финансиите како алатка која ни служи на нашите цели.
Најлесн начин за управување со вашиот буџет во ваша корист се користењето на табели кои ги илустрираат вашите трошоци, инсталирање на апликации кои имаат посложени функции за управување со буџетот, така што можете да си поставите цели и за блиска или далечна иднина. На пример, можете да планирате одмор, да го одредите вашиот буџет и да одлучите колку од вашите месечни приходи треба да одвоите за да ја достигнете вашата цел.
Кога знаете што сакате да постигнете користејќи финансии и идентификација на непотребните трошоци, ќе имате подобар буџетски менаџмент, кој ви помага да се ослободите од некои грижи, да ги исполните соништата, да инвестирате во сопствениот развој и да уживате во патувања за кои сте сонувале.
- Интимно здравје
Сексуалниот живот и интимното здравје се важни елементи кога станува збор за добар квалитет на животот. Сексот и сексуалноста значат многу повеќе од самиот чин: приврзаност, љубов, почит, топлина, споделување и врската што ја воспоставуваме со нашиот партнер. Инволвираноста на партнерите во врска, исто така, бара преземање одговорност за интимниот живот и здравјето.
Исто така, постојат аспекти кои можеме да ги контролираме преку сопствениот избор кога станува збор за интимно здравје и плодност. Во денешно време, имаме широк спектар на контрацептивни производи од кои можеме да ја избереме најсоодветната опција за нас и нашиот партнер.
Планирањето на семејството ни ги дава информациите и решенијата кои ни требаат за подобро да ја контролираме сопствената плодност, вклучувајќи информации за контрацепција, тестови за бременост итн.
За жените кои сакаат дете, специјалистите можат да предложат "подготовка" за бременост, следејќи ги препораките од предусловот кои имаат за цел да ги минимизираат ризиците кои може да се случат во бременоста, како за идната мајка, така и за идното бебе, така што периодот на гестација ќе биде убав и лесен период.
Следењето на вашиот плоден период користејќи апликации, тестови или калкулатори кои го врамуваат вашиот плоден период и овулација може да биде корисна пракса за зачнување.
Кога интимното здравје е приоритет во вашиот живот, следењето на вашиот менструален период станува важно. Доцнење на менструалниот циклус, покренува сомнеж за можна бременост.
Важно е да знаете дека тестовите за бременост можат да ви дадат брз одговор на едно од највозбудливите прашања кога вашиот циклус доцни: "Дали сум бремена или не?"
Surecheck е тест за бременост достапен во две варијанти (Shurecheck Cassette и Shurecheck Streamer), кој може да се изврши во било кое време од денот и покажува 99% точност. Тестовите за бременост Surecheck се специјално дизајнирани да бидат точни, едноставни и лесни за употреба. Можете да дознаете кој е првиот ден кога можете да го направите тестот користејќи го овој калкулатор.
Покрај тоа, со цел да се елиминираат предизвиците со кои често се среќаваат жените, при извршувањето на тестирањето, Surecheck Streamer повеќе не бара употреба на чашка (сад за урина) и пипета. Овој тест е многу едноставен и може да се користи каде и да сте.
- Моќта да избереш
Потсетете се дека секоја секунда од Вашиот живот дека имате моќ да изберете. Всушност, Вие правите одлуки секој момент, без разлика дали се однесува на изборот на продавницата од која го правите вообичаеното купување, менито кое ќе го послужите денес или како ќе го пиете вашето кафе (обично, засладено, со млеко или без итн.). Дури кога не избирате ништо, само по себе тоа е сепак некаков избор. Ова е доказ всушност колкава моќ имаме при и со донесувањето на одредени одлуки.
Секој избор влијае на Вашиот живот и може да стане навика и во суштина може да го обликува правецот во кој се движите, како постапувате и како ги креирате Вашите ставови.
Кога внимаваме на нашите одлуки, тогаш ние сме повеќе свесни за тоа што би можеле да згрешиме, за тоа што би можеле да станеме, но особено може да не направи свесни дали го живееме животот како што навистина ние сакаме.
- Ефикасно организирајте ги активностите на вашиот ден за да заштедите повеќе време
Можете да користите агенда соодветна за вас, така што можете ефикасно да ги следите задачите кои морате да ги остварите тој ден, можете да го користите календарот, телефонските функции за да се потсетите на одредени активности и се што мислите дека е корисно за вас.
Обидете се да не го оставите утре она што можете да го направите денес,одложувањето носи дополнителни грижи и дополнителен стрес.
- Не го запоставувајте социјалниот живот
Негувањето на социјални врски е многу важно за нашето здравје. Интеракција со други луѓе може да делува “лековито“. Некои студии велат дека луѓето кои имаат побогат социјален живот се поздрави од осамените луѓе. Социјалните односи влијаат краткорочното и долгорочното врз физичко и ментално здравје.
Затоа не ги заборавај пријателите и не се плаши да запознаеш нови луѓе. Сите имаме многу да учиме од оние околу нас и се чувствуваме добро кога поминуваме време со нив.
- Не заборавај на твоето време за мечтаење и одржување на твојата благосостојба.
Исто како што се обидуваме да се погрижиме за нашата психа, нашиот интелектуален развој, нашето ниво на мотивација и решителност, добро е да се грижиме за нашето тело. Изреката "Mens sana in corpore sano" и понатаму е релевантна и за ова современо време во кое живееме. Како можеме да се чувствуваме добро во сопствената кожа?
Задолжително одвојте време само за себе. Најдете начин барем еднаш неделно да се дотерате, да уживате во спа, третман за лице или маска за вашата коса.
Секое мало угодување кое ќе си го приредиме на себе си, ни помага да се чувствуваме подобро во нашата кожа, да се чуствуваме поубаво а ипосамоуверено.
- Насочи ги своите постапки и ресурси за да ги оствариш своите соништа
Дали размислувавте што би сакале да постигнете во блиска иднина, на пример овој месец? А оваа година? Идентификувавте ли кои се вашите соништа? Ако е така, време е да развиете стратегија, да ги исцртате чекорите што треба да ги преземете за да ја постигнете целта.
Идентификувањето, визуелизирањето на овие фази ќе ви даде ефикасен преглед за да знаете како да ги вклучите сите овие во вашиот дневен распоред. Со мали чекори може да стигнете далеку!
- Следете ги 4-те постулати на здравјето
Ако сме здрави и се чувствуваме добро, можеме да постигнеме многу работи кои ќе ни донесат повеќе исполнување и благосостојба во животот.
Затоа ви предлагаме да ги следите 4-те постулати на здравјето: физичка активност, оптимална хидратација, здрава исхрана и рутина на спиење. Кажамо поинаку: јадете здрава храна, пијте доволно вода, спијте најмалку 8 часа во текот на ноќтта и вежбајте неколку пати неделно.
- Храброста да кажеш "НЕ"
Колку пати сте одговориле потврдно, со зборот "да" кога длабоко во себе врискате "не"? Не можеме и не е здраво да прифатиме се што ни се предлага. Не е во ред секогаш да се согласиме со другите. Тоа можеби е од страв од одбивање или пак маргинализација од околината. Се вели дека привлекуваме луѓе околу нас во кои се огледуваме себеси. Луѓето за кои ќе се чувствувате добро се оние кои ве прифаќаат како што сте. Затоа развијте храброст да кажете "не", како и техники како да си помогнете да избегнете прифаќање на туѓи мислења и предлози.
- Не одолговлекувајте
Оодолговлекувањето е стапица. Можеби првично мислите дека оставањето на некои одговорности за друг пат ви овозможуваат слободно време време во моментот, но во суштина последиците се: мисли и загриженост за недовршената работа, како и ризикот целосно да заборавите на одговорноста и да ги носите последиците. Акумулирајќи голем број активности, придонесува подоцна да мора да ги спроведете тие активности за многу краток период. Со креирање на оваа итност, коија претходно не постоела но со одолговлекувањето сме ја креирале се зголемува ризикот од грешки и дополнителни одолговлекување, трошоци и слично.
Затоа обидетесе да не паднете во оваа стапица.
Преку изборите што ги правиме секој ден, следејќи едноставни, но ефикасни чекори, ги подобруваме оние области од нашите животи кои ни помагаат да станеме поисполнети, поуверени, посреќни.
Комерцијален текст