Почетна » Новости » Музика » „Христос се роди денес“: Спотот за возобновената божиќна песна во кој се појавуваат познати македонски актери

„Христос се роди денес“: Спотот за возобновената божиќна песна во кој се појавуваат познати македонски актери

„Бадникови Поворки“ ја продолжија традицијата на возобновување православни божиќни песни. Оваа година, изборот беше обработка на старата православна каланда „Христос се роди денес“.

„Во пресрет на Празникот на светлото Христово Раѓање, време е да ви ги растрепериме душите. Време е да го исполниме ветувањето и да ви ја подариме најново возобновената божиќна песна ‘Христос се роди денес’ овој пат посветена на возрасните. Искрено се надеваме дека тие, гледајќи го спотот, навистина ќе посакаат да ја прифатат возобновата на древните божикни традиции со кои побожно се славело Рождеството Христово“ – пишуваат тие.

ВИДЕО:

Режијата, монтажата и продукцијата на видеозаписот беа во рацете на Даниел Јовески, песната е во изведба на Вера Милошевска и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Во севкупното остварување на овој проект учествуваа и познатите македонски актери: Јоана Поповска, Дубравка Киселички, Владо Јовановски, Горан Илиќ, Љупчо Бојковски, Владо Дојчиновски.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20816 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.