Почетна » Новости » Музика » „Божиќна серенада“ од Лозано, Пере од Нокаут, Стефан од Некст Тајм и Димитар Андоновски

„Божиќна серенада“ од Лозано, Пере од Нокаут, Стефан од Некст Тајм и Димитар Андоновски

„Бадникови Поворки“ ја негуваат традицијата на возобновување православни божиќни песни. Годинава, „Божиќна серенада“ беше отпеана од Влатко Лозаноски – Лозано, Никола Перевски – Пере од Нокаут, Стефан Филиповски од Некст Тајм и Димитар Андоновски.

Во видеозаписот за песната е пресоздаена Битола во минатото. „Овој видео запис ја оживува серенадата преку една прекрасна божиќна песна којашто на најубав начин ја покажува православната традиција и семејните вредности на македонскиот народ. Низ една филмска приказна нè враќа во минатото на Битола, градот којшто серенадата ја има како дел од својата културна традиција. Божиќната серенада во себе го носи специфичниот богат византиски мелос. Ја пееле возрасните коледари коишто оделе од куќа до куќа и весело ги повикувале домаќините да одат во црква, таму да го прослават Раѓањето Христово и потоа да го понесат големиот благослов дома. Овој видео запис ќе остане вечен сведок за мисијата на Бигорскиот манастир и Бадникови поворки како народен, културен и духовен проект“ – пишуваат од здружението.

Спотот е во режија на Дејан Пројковски и Горан Наумовски, кој е и директор на фотографија, а во продукција на 2С Студио Стојан Стојановски. Во него се појавуваат Никола Стефанов, Благица Пупуноска, Ања Сливоски, Соња Михајлова, Митко С. Апостоловски и членови на КУД - Илинден Битола.

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.