Додека престојуваше во Македонија, Џос Стоун се дружеше со Каролина Гочева, а нивната средба резултираше со прекрасен дует.
Музичките ѕвезди со многу емоции ја испеаја баладата „Кој да ми запее“ во парк.
Видео
„Еве го целосното видео од македонската соработка со убавата Каролина Гочева. Таа има многу прекрасен и инспиративен глас. Ти благодарам многу Македонија, прекрасна земја со прекрасни луѓе, ќе се видиме повторно, се надеваме наскоро“ – напиша Стоун на Facebook.
Британската пејачка ја посети Македонија за да настапи на „Скопскиот џез фестивал“.