Марко Маринковиќ – Слаткар го објави спотот за новата песна „Насмевка“ која му ја посвети на синчето Моша.
Македонскиот музичар пее дека би направил и дал сè за синот додека во видеозаписот се менуваат снимки од нивниот живот. Спотот започнува со кадар од бремената сопруга Сања Николиќ, а потоа се редат семејни видеа од растењето на Моша.
Музиката и текстот се дело на Слаткар, кој ја најави песната на третиот роденден на Моша во саботата.
Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година, а станаа родители во април 2020 година.