Марко Маринковиќ – Слаткар и Сања Николиќ уживаат во улогата на родители.
Македонскиот музичар сподели видеа снимени додека го заспива синчето Моша. На нив, Сања го држи бебе-фонот, а Слаткар му пее приспивна песна на бебенцето која ја измисли за него.
„Мошико, моши, моши, мошико, најубаво дете на цел свет. Да ја разбудам мама, сакам да ме фати, во раце да ме клацка, да ми даде малце да јадам. За да пораснам голем и да бидам јак, најјакиот Моша. Не треба да плаче Мошико, Моша најубаво дете“ – пее Слаткар.
Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година, а станаа родители минатиот месец.