Марко Маринковиќ-Слаткар и Сања Николиќ ја одведоа својата љубов во Венеција. Повод? Неговиот нов спот.
Во видеозаписот за „Луда романтика“ македонскиот пар се вози во гондола и си разменува нежности и бакнежи низ романтичниот италијански град.
Слаткар песната ја напишал за саканата Сања, со која е во брак од 2014 година, а е негов подарок за сите дами за 8 Март.