Синоќа се одржа манифестацијата Скопски фестивал во „Метрополис Арена“. Но, наместо денес да се коментираат композициите со кои се претставија повеќе македонски изведувачи, под лупа е ставено гласањето, бидејќи постои сомневање дека биле купувани сим-картички со цел организирано гласање.
Додека се истражува евентуалната измама со телефонското гласање на Скопски фестивал, погледнете ги настапите на победниците.
1
Лисја есенски
Даниел Кајмакоски
2
Брод што тоне
Тамара Тодевска
3
Да не те сакам
Еги
Васил Зафирчев беше домаќин на фестивалот кој се одржа во „Метрополис арена“. Вкупно 20 композиции беа изведени од познати македонски пејачи во придружба на ревискиот оркестар на МРТ. Победникот беше избран по евровизиски метод, т.е. со телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно жири во сооднос 50-50. Од секој мобилен телефон беше дозволено да се гласа само еднаш.
За победниците беа обезбедени парични награди. Првопласираниот Кајмакоски доби 20.000 евра, второпласираната Тамара освои 10.000 евра, додека на третопласираната Еги ѝ беа доделени 5.000 евра.