По долга пауза, познатата актерка и пејачка Тања Кочовска сними нова песна.
„Светулка Божја“ е дело на композиторот Роберто Панчевски, текстот е на Миодраг Врчаковски, а аранжманот го потпишува Кире Костов.
Оваа балада целиот тим му ја посвети на незаборавниот Тоше Проески. Песната беше објавена по повод 12-годишнината од неговата смрт.