Тамара Тодевска и Роберт Билбилов во искористија овој период за да создадат нова музика. Македонските музичари ја објавија заедничката песна „Светот е...“.
Во спотот се појавуваат двете деца на Тамара, нејзината сестра Тијана Дапчевиќ и внукот Вук, како и други познати личности меѓу кои и Катарина Ивановска, Васил Гарванлиев, Александар Тарабунов, Антониа Гиговска, Александра Јанева, Миа Костова и дел од ѕвездите од „Дајте музика“.