Почетна » Новости » Музика » Ова се најслушаните македонски песни за 2018

Ова се најслушаните македонски песни за 2018

Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) објави кои беа најслушани песни во изминатата година.

Според нивната официјална листа, Влатко Лозановски има три топ хитови. Неговата песна „Километри“ го зазеде првото место, додека „Мандарина“ и „Јако Јако“, се најдоа на втората и четвртата позиција.

Третото место беше резервирано за „Главен град на тагата“ на Владо Јаневски, на петтото место застана „Туѓа си бескрајно“ на Ефто Пупиноски, а потоа следуваа и „Луд сум по тебе“ на Александар Тарабунов, „Слаба страна“ на Антониа Гиговска, „Оди ѕвездо“ на Наум Петрески, „Свири мајсторе“ на Гоце Арнаудов и „Еуфорија“ на Александра Јанева и Наташа Малинкова.

Најслушани песни

Километри

Мандарина

Главен град на тагата

Јако Јако

Туѓа си бескрајно

Луд сум по тебе

Слаба страна

Оди ѕвездо

Свири мајсторе

Еуфорија

ЗАМП ја составува оваа листа врз основа на податоците од системот за електронско евидентирање и следење на емитувани авторски дела, кој е воведен кај радио-телевизиските организации.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20815 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.