Почетна » Новости » Музика » Еве кои се десетте најслушани македонски песни за 2017

Еве кои се десетте најслушани македонски песни за 2017

Здружението за заштита на авторските музички права (ЗАМП) објави листа со топ 10 најкористени музички дела за 2017 година.

Влатко Лозановски си обезбеди две места. Благодарение на хитот „Мандарина“ Лозано го освои првото место, додека третото место нему му припадна за песната „Жена како ти“.

Втора најслушана песна минатата година беше „Оди ѕвездо“ од Наум Петрески.

Магдалена Цветкоска со „На врв и на дно“ го зазеде четвртото место, а следуваа „Туѓа си бескрајно“ на Ефто Пупиноски, „Десет лета“ на Даниел Кајмакоски, „Не е фер“ на Дарко Илиевски, „Доживотно“ на Елена Ристеска и „Дојди“ на Викторија Лоба. Десеттото место остана за „Луд сум по тебе“ на Александар Тарабунов.

ЗАМП

Само песните „Дојди“ на Лоба и „Луд сум по тебе“на Тарабунов се издадени во 2017 година. Еве ги хитовите:

Мандарина

Оди ѕвездо

Жена како ти

На врв и на дно

Туѓа си бескрајно

Десет лета

Не е фер

Доживотно

Дојди

Луд сум по тебе

ЗАМП ја составува оваа листа врз основа на податоците од системот за електронско евидентирање и следење на емитувани авторски дела, кој е воведен кај радио-телевизиските организации.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20833 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.