Андреа Бочели ни го подигнува духот со фантастични изведби вредни за гласни аплаузи од сите страни на светот.
Италијанскиот тенор ја отпеа импресивната балада „Hallelujah“ и заедно со група танчари сними видеозапис за истата во Порто Венере.
„Hallelujah“ е дел од неговиот најнов албум „Believe“, кој обединува песни кои го инспирирале Бочели во текот на животот.
„Hallelujah“
На 12 декември, Бочели ќе го одржи концертот „Believe in Christmas“. Во трејлерот, Бочели се појавува заедно со 8-годишната ќерка Вирџинија.