Почетна » Новости » Музика » Мадона со разголена фотографија ја промовира песната „Girl Gone Wild“

Мадона со разголена фотографија ја промовира песната „Girl Gone Wild“

Со синглот „Give Me All Your Luvin“ Мадона не направи „бум“ како што очекуваше, па кралицата на поп музиката се надева дека вториот сингл „Girl Gone Wild“ ќе помине многу подобро.

Облечена во секси долна облека, Мадона провокативно позира за омотот на „Girl Gone Wild“, а фотографијата е искористена како основа за создавањето на видеото со текстот на песната.

Мадона

Насловот на песната прво беше „Girls Gone Wild“, но „s“ од „Girls“ беше отстрането откако американскиот претприемач Џо Франсис, кој поседува бизнис со издавање на DVD-а со истото име, ѝ се закани на 53-годишната пејачка со тужба.

„Girl Gone Wild“ е вториот сингл на Мадона од нејзиниот претстоен албум, „M.D.N.A.“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19720 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.