Кристијан Ристески започнува соло кариера. Талентираниот внук на Тоше Проески ја објави својата прва авторска песна „We Are Blood“.
За песната Кристијан соработуваше со британскиот композитор и продуцент Енди Рајт.
„Бев во Лондон, во студиото на Енди Рајт, кој беше задолжен за доработка на песните од новиот постхумен албум на вујко ми, 'The Secret Place'. Во текот на престојот Енди доби идеја да снимам една песна. По долго размислување ја прифатив понудата и решив да пеам за вујко ми. Текстот на песната произлезе од нашите разговори поврзани за Тоше. Го напишавме двајцата“ – изјавил Кристијан за Радио Бубамара.
ВИДЕО:
„We Are Blood“ ќе биде дел од новиот постхумен албум на Тоше, насловен „The Secret Place“.
Тоше и Кристијан имаат една заедничка песна, „My Little One“.