Ким Кардашијан реши да се проба и во музичкиот бизнис. Вчера таа премиерно го објави својот прв сингл во радио емисијата на Рајан Сикрест.
Негативните критики за песната со наслов „Jam (Turn It Up)“ само се множат. Некои ја нарекуваат здодевна, други прашуваат дали некој може да издржи и да ја ислуша докрај, а трети сметаат дека текстот е пишуван од третоодделенец.
30-годишната Ким подготвува и спот за својот прв сингл, во кој се очекува да се појави и Кание Вест. Сè уште не се знае кога ќе биде премиерата на музичкото видео.