Каролина Гочева моментално го промовира новиот албум „Извор“. Македонската пејачка ги израдува своите фанови со објавување на ДЕВЕТ нови песни кои за првпат ги изведе на синоќешниот концерт во МОБ.

„Убав живот“, „Нема песна за мене“, „Да е сон“ и „Земи го срцево“ се само дел од песните на нашата ѕвезда. Слушнете ги:
Убав живот
Нема песна за мене
Да е сон
Земи го срцево
Ти не дојде
Будна
Бели цветови
Газам боса
Млади багреми
Каролина претходно ја имаше објавено само песната „Ѕвона“ од овој албум.
Таа синоќа го претстави и омотот за албумот, кој всушност е портрет од нејзиниот сопруг Михаил Корубин.