Дани Димитровска започнува со промовирање на нова музика. Македонската пејачка ја објави првата песна од новиот албум насловена „Има љубов во нас“.
„Страдаме во илузија дека сме немоќни, неспремни, зли и сурови. Љубов е лекот. Секој сам може да им стави крај на војните во себе, да биде лек за овој свет и секогаш свесен дека има љубов во нас. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов!“ – вели Дани за својот најнов сингл.
Композитор и текстописец на песната е Весна Малинова, а аранжманот е на Јордан Манов.
Весна Малинова изјави: „’Има љубов во нас’ е повик и потсетување. Вистината која сјае во сите детски очи, која, како растеме, ја потрупуваме со стравови и ставови... интелектуални анализи и прагматични одговори... Љубовта е свеста и единствената причина што постоиме. Кога се губиме, насока да се пронајдеме. Ние сме љубов. Ти си љубов. Јас сум љубов.“